Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска вели дека е наравена медицинска евакуација во соработка со европските служби за надворешни односи. Засега нема потврда дали се работи за африканскиот сој, кој е еден од најразорните видови коронавируси досега.

-Еден од нашите припадници, потполковник на армијата, кој учествува во Европската мисија во Централноафриканската Република, минатата недела беше тестиран како позитивен на корона-вирусот и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во ЕУ-мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома во Скопје, претпоставувам доцна вечерта, вели Шекеринска