Метеоролозите најавуваат сончеви денови и високи температури до сабота, а потоа нестабилно време со заладување
Сончеви денови и високи температури ќе ја зафатат земјава и денеска, со максимални вредности до 42 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, со температури кои ќе бидат над просекот за јули.
Минималната температура утрово се движи од 13 до 22 степени. Максималната температура ќе достигне од 36 до 42 степени, со натпросечна топлина во повеќе региони.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе изнесува 21 степен, а максималната ќе се искачи до 41 степен.
Слични временски услови се очекуваат и во петок и сабота. Ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Температурата на места ќе достигне и до 43 степени.
Од недела се очекува промена на временските услови. Најавена е локална нестабилност, со појава на пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во опаѓање, со тенденција за освежување на целата територија.