Слаб до умерен северен ветер, засилен долж Повардарјето

Во четврток, на 26 февруари, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Наместа долж Повардарјето ветерот повремено ќе биде засилен, особено во претпладневните часови.

Минималните температури ќе се спуштат до -3 степени. Максималните дневни вредности ќе достигнат до 16 степени.

Сончево во Скопје и стабилно време во наредните денови

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

До крајот на оваа седмица, како и на почетокот на следната, Македонија ќе биде под влијание на поле со висок воздушен притисок.

Во повеќето денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Исклучок ќе биде сабота, кога се очекува зголемена облачност.

Од петок, по одделни котлини, ќе има услови за појава на утринска магла.