Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индекспот ќе биде 8.
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 36 степени.
Од УХМР известуваат дека во следните денови ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во попладневните часови ќе има локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови.