Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степени. Максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени.
До петок ќе преовладува сончево и топло време.
Во петок кон крајот на денот ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а за време на викендот и почетокот на идната недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Температурата од петок ќе биде во постепено опаѓање.