Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Синоптичарите најавуваат дека од утре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи и засилување на ветерот, а повеќе услови за нестабилност ќе има од вторник. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање.