Сончев ден со умерена облачност и пријатни температури

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. Ќе има мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени. Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец.