Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа засилен ветер, претежно од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 9 степени. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека до вторник ќе се задржи сончево и студено време со мала до умерена облачност и умерен до засилен североисточен ветер.

Во вторник на места ќе има зголемена облачност и услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Од средината на седмицата ќе има позначителен пораст на температурата, особено на дневната.