Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 14 до 22 степени.
Во Скопје слично време со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Под влијание на нов влажен бран веќе од утре кон крајот на денот па до сабота повторно ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни. Во овој период, дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски.