Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат во интервал од -4 до 4 степени. Максималните дневни температури ќе достигнат 23 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер, максималната дневна температура ќе биде 19 степени.
Од утре наместа ќе има зголемена облачност. Промена на времето со повремени врнежи од дожд се очекува во недела и понеделник и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.