Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 36 степени.
Следува период на стабилно, сончево и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога максималната температура повторно ќе го достигне 40-тиот степен.