Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат до 1 до 10 стеепени, а максималните дневни до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне максимални 25 степени.
За утре се најавува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и значително посвежо време.