Работната седмица Македонија ќе ја заврши со посвежо утро, но во текот на денот ќе преовладува претежно сончево и потопло време со слаб ветер од променлив правец.

Утринските температури се движат од минуст 5 степени на повисоките места до 1 степен на југот на земјата, но максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 10 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со дневна температура до 18 степени.