Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, поголема во северните делови од земјата. Ќе дува слаб, претежно јужен ветер, само во североисточните делови ветерот ќе биде северозападен.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени. УВ-индексот ќе има вредност 5.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер, претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 31 степен.
УХМР и за следните денови прогнозира топло време. Во петок во попладневните часови ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
-За време на викендот ќе преовладува сончево со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, претежно на југоистокот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.