Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната од 21 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југозападен ветер.

Во недела времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Во понеделник по одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во вторник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.