Утрото свежо, преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени. Утринската во Битола околу 6, а дневната до 26 степени..

Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот.

Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена  воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови.

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за локален дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник јужен ветер.