Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната од 4 до 12 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.

УХМР најавува дека од утре ќе се зголеми облачноста. Од утре попладне и за време на викендот ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе имаат пообилен карактер.