Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен од западен до северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 24 степени.
Во петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер. Влажен бран со зголемена облачност и врнежи од дожд во поголемиот дел од земјава ќе има во сабота.