Утрото многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност со пораст на температурата. Зголемување на облачноста, врнежи и повторно заладување се очекува на крајот од работната седмица.