Времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. Утре ќе дува повремено засилен, а потоа слаб до умерен северен ветер.