Временските услови во Македонија во Македонија носат сончево со мала до умерена облачност, а од утре следува нестабилно време со дожд и грмежи

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денеска временските услови во Македонија ќе бидат сончеви, со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Температурата низ државата ќе се движи од 12 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје минималната температура се очекува да биде 17, а максималната 36 степени Целзиусови.

Според УХМР, утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Локална нестабилност ќе има и во вторник. Од среда се очекува стабилизирање на временските услови и пораст на дневната температура.