Времето денес ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне облачноста повремено ќе се зголемува и во делови од котлината е можен краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.