Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а на североистокот ќе биде значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од минус седум до минус еден Целзиусов степен, а максималната ќе се движи од четири до 12 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и засилен ветер од северен правец.
Утринската температура во главниот град ќе спушти до минус два, а максималната дневна ќе достигне до 10 Целзиусови степени.