Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено на исток и во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на краткотрајно невреме со порен дожд, чести грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а дневните од 24 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот и вечерните часови ќе има услови за појава на нестабилност со појава на пороен дожд проследен со грмежи. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 28 степени, информираат од УХМР и препорачуваат да се внимава во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.