Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен и југозападен правец. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 16 степени, а дневната од 21 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната до 29 степени.