Времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 21 до 25 степени.
Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец, кон крај на денот со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 24 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време.