Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, на југоистокот од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.
Во петок и понатаму ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.