Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието наместа ќе засилува. Во текот на ноќта во крајните западни делови ќе има локален дожд.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 10 степени, а дневните од 18 до максимални 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 23 степени.

Следува период на променливо облачно време. Утре кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање. Во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец, а нов поинтензивен влажен бран со обилни врнежи се очекува во текот на ноќта и во сабота.