Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи од 6 до 13 степени, а дневната од 16 до 28 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи до 11 степени, а дневната до 27 степени.