Сончево со слаб ветер и мала облачност
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени. Максималната дневна температура ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Променливо време со дожд за викендот
Утре и во понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време. На повеќе места се очекуваат слаби локални врнежи од дожд.
Од вторник се најавува период на постабилно време. Во утринските часови по котлините ќе има услови за појава на магла.
Во текот на денот температурите постепено ќе бидат во благ пораст.
