Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови утринските температури на места ќе се спуштат околу нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток кон крајот на денот до сабота под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни.