Преговорите помеѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) за платите на просветните работници продолжуваат денеска откако во средата не беше постигнат напредок.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, тогаш рече дека на состанокот биле дискутирани, анализирани и аргументирани сите прашања врз основа на нивните барања.
Минатата недела штрајкот на вработените во образованието беше ставен во мирување. Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите.