Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска беше гостин во Дневникот на телевизија Сител, на прашањето во врска со штрајкот на СОНК Мисајловски вели дека СОНК има голем притисок од власта.
-Веќе на социјалните мрежи има доста реакции по изјавите на надлежните, па и премиерот преку статус повика да не се протестира. Уставна категорија е на секој еден да протестира, ние како партија даваме поддршка за штрајкот на СОНК, рече Мисајловски.
Тој вели дека власта и владата знаеше дека ќе дојде до овој чекор.
-Настанува во Македонија тотален хаос, сакаа со брзоплети мерки да направат некој балон да пукне и да покажат дека се добра влада и да ја качат минималната плата, а со тоа мора и да се дозволи на сите да имаат поголема плата, рече Мисајловски.