Во судир на автомобил и автобус на автопатот Тетово–Скопје животот го загубија тројца, меѓу нив и брачен пар

Во сообраќајка кај Тетово на автопатот Тетово–Скопје, на самиот излез од градот, се судрија патнички автомобил марка „Опел“ со тетовски регистарски таблички и автобус.

Две лица, маж и жена, починале на самото место. Една жена со тешки повреди била пренесена во Клиничката болница во Тетово, но им подлегнала на повредите.

Во болницата е хоспитализирано и едно дете, кое било во автомобилот. Детето е повредено и му се укажува лекарска помош.

На местото на несреќата излегле екипи на противпожарната единица, полициски службеници и јавен обвинител. Се врши увид и се прибираат информации за причините за несреќата.

Според првичните податоци, жртвите се брачен пар и нивна роднина. Полицијата најави дека ќе објави повеќе детали по завршување на истрагата.