Сообраќајот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучката Хиподром (обиколница Скопје) во правец кон Куманово, е во прекин од 9 часот утрово.
Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека причина за блокадата е излетано товарно моторно возило (ТМВ), кое го спречува нормалното одвивање на сообраќајот. Возачите се советуваат да користат алтернативни правци додека не се расчисти местото на несреќата.
