Оттаму посочуваат дека забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира до учесниците во сообраќајот на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.