На ден 03.09.2022 и 04.09.2022 поради одржување на меѓународниот натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски патеки, сообраќајот на патниот правец од Кочани, поточно с. Бејли кон Пониква, ќе биде затворен за сообраќај во периодот од:

03.09.2022 Сабота – 10:00 часот затворање на патниот правец од страна на полиција, 12:00 часот одржување на тренинзите до нивно завршување.

04.09.2022 Недела – 10:00 часот затворање на патниот правец од страна на полиција, 12:00 часот одржување на натпреварот се до негово завршување.

Ве известуваме дека во деновите понеделник 05.09.2022, вторник 06.09.2022 и среда 07.09.2022 година, Пелагонија АД Гостивар како изведувач на работите ќе воспостави времен режим на комплетно затворен сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот на патен правец Маврови Анови – Жировница (Р1202) поради испитување на мостовските конструкции на патот „Рехабилитација на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница“ согласно Одобрението за времена измена на режимот на сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.