Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег имаме во јужниот и југо-западниот дел на Републиката, Маврово и Смојмирово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.