Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.

Оттаму соопштуваат дека на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Врнежи од снег со променлив интензитет има во Тетово, Ресен, Крушево и на планинските превои Буково и Ѓавато.