Авто мото сојузот на Македонија потсетува дека се уште на сила е забраната за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка, додека за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.