Сообраќајот на патни правци низ државата се одвива непречено по наместа влажни коловози со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од вторник, па во следните шест месеци регионалниот пат Струга – Дебар ќе биде целосно затворан за сообраќај во периодот од 10 до 14 часот, поради градежни активности за санација на свлечишта на кај селата Глобочица и Луково.