Укинати забраните за тешки товарни возила на неколку патни правци
Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар и Гостивар – Стража се укинати од утринава.
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по коловози кои на места се влажни.
Исто така, потсетуваат дека сообраќајот кај Башино Село, во близина на мостот, од вчера е во целосен прекин и ќе остане затворен за подолг временски период.