Одлуката ја донесе Одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик Газанфер Бајрам.
Наградата на годинашните добитници ќе им биде врачена в среда, 8 декември 2021, во 12 часот во Собранието на Република Македонија.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.