Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон е назначен за нов шеф на дипломатијата. Ова е изненадување ако се знае дека речиси и се имаше откажано од политиката.

Камерон важи за пријател на Македонија.Често доаѓаше во земјата и е пријател со познат македонски бизнисмен. Во секоја прилика тој го користеше уставното име на Македонија наместо референцата ФИРОМ.

Негова сопруга е дизајнерката Саманта Камерон која го има модниот бренд „Ceffin“.