Неформален состанок на директорите за политичкo-безбе дносни прашања на министерства за надворешни работи на земјите членки на НАТО ќе се одржи денеска и утре во Скопје.

Со состанокот, како што информираат од МНР, ќе претседава помошничката на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Бетина Каденбах, а на него ќе учествуваат и високи претставници на Европската Унија.

На првата работна сесија на состанокот, посветена на Западен Балкан е предвидено свое обраќање да има и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Од зачленувањето на земјава во НАТО, Министерството за надворешни работи првпат е домаќин на еден ваков настан, на кој учествуваат високи гости од сите сојузнички од Алијансата.

– Одржувањето на состанокот на директорите за политичкo-безбедносни прашања на министерства за надворешни работи на НАТО во Скопје е уште еден доказ за стратешкото значење на регионот за Северноатлантскиот сојуз, се наведува во соопштението од МНР.