Двајца кои скокале по крстот во Скопје биле пренесени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

 

Двајца кои скокале по крстот во Скопје, на Богојавление, во студената и надојена река Вардар со возила на Итната медицинска помош биле пренесени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за дополнителна здравствена поддршка. Состојбата на двете лица е стабилна, соопштија од Црвениот крст на социјалните мрежи.

Тие претходно биле згрижени во тријажниот центар на Црвениот крст.

Фото: Фејсбук профил на Црвен крст на Град Скопје

Во водите на Вардар во Скопје денеска, на Водици по светиот крст скокаа повеќе од 160 граѓани, а 24-годишниот Дарко Митровиќ од општина Центар го извади чесниот крст во рамки на централната манифестација што се одржа кај мостот „Слобода“ кај х. Холидеј ин.