Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара вонредна седница на Советот на Град Скопје, за пренаменување на средства од буџетот за плати, за вработените во ЈСП Скопје.
-Очигледно дека власта на СДС и ДУИ потонаа во медарството на Данела Арсовска. Од многу заедничко медарање скопјани може да останат без јавен превоз. Ете така изгледа кога коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ кохабитираат за Скопје. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неспособното и неодговорно однесување на Владата, град Скопје, градоначалничката и раководството на ЈСП да ги остави граѓаните, студентите, учениците, пензионерите без јавен превоз и како советничка група бараме итна вонредна седница за спас на јавниот превоз, каде ќе доставиме одлука за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници – велат од советничката група.
Вонредната седница ќе се одржи денеска во 14 часот.