На првата седница мнозинството и опозицијата ги скара писмената свечена изјава, на којашто наместо да стои уставното име на државата Република Северна Македонија, стоеше Република Македонија.

Маријана Рогожарска-Поповска, советник од СДСМ истакна дека не треба да се оди против Уставот и побара правно толкување од службите.

Откако мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ им го одбија барањето тие ја напуштија седницата.

Свечена изјава дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден на Левица, онака какошто службите им ги подготвиле со Република Македонија.

Мнозинството советници без присуство на опозицијата денеска за претседател на Советот на Општина Штип ја избираа Весна Карагунова-Кожинкова