Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

„На само една недела пред вториот круг од локалните избори, почнаа насилствата и физичките пресметки во Куманово само за да се добие глас плус повеќе! Вчера, на 23.10.2021 година врз наш кандидат за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Реџеп Реџеповски е извршен физички напад од страна на советник на СДСМ Самет Салиевски и неговиот татко, во населба Средорек.

Овој случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Но, апелираме до министерот Оливер Спасовски и МВРО на квадрат веднаш да
престане да се занимава со кампања и да излезе во заштита на граѓаните. Да престанат притисоците и заканите на нашите граѓански активисти.

Како е возможно целиот овој изминат период да се соочуваме со бројни притисоци, закани, манипулации, а МВРО никаде да го нема? Поважно на
Оливер Спасовски му е да ја тера кампањата за градоначалник како тој да е кандидатот во Куманово.

Срамота е ова што се случува! Прво почнаа со притисоци врз граѓани и вработени во јавните институции да доставуваат списоци со 10 до 15
гласачи, потоа продолжија со лажни обвинувања и обиди да наместат советници за наводен поткуп, но не им успеа. На крајот, кога видоа дека граѓаните ги казнија на изборите почнаа и физички да се пресметуваат со чесни и одговорни луѓе, со личности признати од светот, со Олимпијци , со гордост на Македонија!

Зошто почнавте да практикувате насилство на 7 дена пред изборите? Поразот треба да ве размисли за вашите постапки, а не да предизвикува чувство за насилство!

Насилствата се забранети во демократски општества! Без разлика на сите притисоци, закани и манипулации кои сакате да ги прикажете кај граѓаните, поддршката на нашиот концепт се зголемува се повеќе од ден во ден, како што и самите граѓани на 17-ти октомври се изјаснија кој е најдобриот избор за градоначалник на општина Куманово.

Институциите да постапат веднаш, а конечно Оливер Спасовски да почне да си ја работи својата работа.

Очигледно, поради огромниот пораз кој ќе го доживеат на 31-ви октомври, сакаат повторно целиот државен апарат да го инсталираат во Куманово и
сите недемократски средства да ги користат за да влијаат на резултатот.

Граѓаните не сакаат насилство, а единствените кои треба да излезат од режимската матрица сте вие! Очекувавме поинакво делување во политиката, но се покажавте исти на тој план.

Во недела, на 31-ви октомври ќе доживеете уште еден голем пораз. И ќе губите постојано се додека не се промените!, истакна тој на прес-конференцијата.