Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска најави дека се можни преговори за завршување на војната, но со нов претседател на Русија.

„Нема смисла да се преговара со оние кои танцуваат по коски – Путин и неговата придружба. Нивните зборови немаат вредност“, напиша Подољак денеска на Твитер.

„Преговори се можни, но со новиот претседател на Русија кој ќе може поадекватно да ја процени реалната ситуација“, додаде тој.